Столтенберг: Ќе го поканиме Скопје, ама членство по имплементирање на договорот

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг очекува дека по договорот со Грција Македонија ќе биде поканета да почне со преговори за членство во НАТО.

На денешната прес конференција Столтенберг изјави:

-Очекувам дека по историскиот договор постигнат минатион месец за спорот со името ќе го поканиме Скопје да почне со преговори за членство. Кога договорот ќе биде финализиран и имплементиран, ќе можеме да ја поканиме поранешната југословенска Република Македонија да стане 30 членка на НАТО под нејзиното ново име, Република Северна Македонија. Ова е сигнал дека портата на НАТО е и ќе остане отворена, изјави Столтенберг на прес конференција.

Би можело да ве интересира

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

(ВИДЕО) Фицо: Нема да војуваме поради некаков „член 5“

Борбен авион на НАТО собори дрон над Литванија

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“

НАТО ја повика ЕУ да го зголеми притисокот врз Русија и поддршката за Украина