Предлог-решенија од економијата и здравството на дневен ред на владината седница

Од:

Владата на Република Македонија денеска попладне ќе одржи седница на која ќе ја разгледа информацијата за измени на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2018 година и Предлог-програмата.

Во областа на здравството ќе бидат разгледани Предлог-решението за национален координатор за трансплантација и информацијата за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка и акциски план за реконструкција, пренамена, адаптација и доградба на Општата болница во Кичево, втора фаза.

На дневен ред на 78. седница се и извештајот за реализација на оперативниот план на активностите за имплементација на Националната стратегија за изедначување на правата на лицата со инвалидност за 2017 година.

Пред членовите на Владата ќе биде ставена и информацијата за потпишување спогодба меѓу македонското и српското Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство за фитосанитарна соработка.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски