Албанскиот институт за јавно здравје потврди дека во земјата се изолирани случаи на грип од типот А и Б, како и поттипот АХ3Н2, кој предизвика голем број жртви во САД.
– Потврдуваме дека групата циркулира во Албанија. Во лабораторијата на Инситутот изолирани се првите случаи од грипот тип А и Б. Вирусите кои циркулираат во земјата се Х3Н2, Х1Н1. Симптомите се вообичаени за грип, главоболка, кашлица, висока температура, но ако кашлица предизвикува тешкотии во дишењето, неопходно е веднаш да се оди на лекар, изјави Силва Бино, шеф на Одделот за инфективни болести во Инситутот.
Бино смирува дека нема место за паника бидејќи и во Албанија како и во Европа интензитетот на циркулацијата на вирусот е мал. Сепак, нагласува таа, грипот е опасен и не треба да се занемарува, зашто може да предизвика сериозни последици.
– Случаи на американски грип има и во нашата земја и до сега сме дијагностицирале пет вакви случаи. Тоа значи дека го има, но не во епидемиска форма. САД е една голема земја и епидемијата погодува поголем број жители, но во Европа нема масовна епидемија, истакна Бино.
Таа нагласи дека покрај грипот во земјата има и голем број заболени од вирози и оти граѓаните треба да бидат внимателни и да не ги занемаруваат, туку да и ги третираат во согласност со препораките на лекар.