Тајани и предложи на Либија создавање „црна листа“ на шверцери на мигранти

Од:

Претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани за време на денешната посета на Триполи ја истакна потребата да се направи црна листа на главните шверцери на мигранти, со цел успешна борба против трговијата со луѓе во Европа и Африка.

– Треба да се создаде „црна листа“ на големите шверцери, врз чија основа полицијата и безбедносните служби во Африка и Европа ќе соработуваат во името на една заедничка цел, изјави Тајани на прес-конференција и доде дека тие шверцери се „терористи, шверцери со оружје и луѓе“.

– Ако не ги уништиме криминалните организации, ќе биде многу тешко да се бориме против илегалната миграција, додаде тој.

Тајани го покренал ова прашање на состанокот со премиерот на Либија Фајез Ел Сараџ.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он