(ВИДЕО) Трипуновски: Од земја извозник, Македонија стана земја увозник на земјоделски производи

Од:

Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција изјави дека власта на СДСМ ја претвори државата од земја извозник во земја увозник на земјоделски производи.

– Во првите шест месеци од 2018 година државата има трговски дисбаланс во поглед на земјоделските производи. Република Македонија повеќе увезува отколку што извезува. Токму затоа и откупот е слаб, а откупните цени очајно ниски. Македонија која во изминатиов период важеше за земја извозник на лубеница во првите шест месеци од 2018 година има увезено двојно повеќе лубеници отколку што има извезено. Имено увозот изнесува 6.000 тони додека извозот е само 2500 тони на лубеници. И додека увезуваме од странство родот на нашите земјоделци скапува по нивите или се продава по цена од 2 до 3 денари за килограм. Извозот никогаш не бил послаб. Ова се должи на неспособноста на власта да обезбеди пласман и пазар за македонските лубеници. СДСМ од опозиција ветуваше сигурен пласман и сигурни откупни цени. Сега гледаме дека не само што откупот е намален, туку и цените се помали од било кога, рече Трипуновски.

Тој рече дека извозот на лубеница е паднат драстично, од 11 илјади тони извезени лубеници во 2016 година, на 2 и пол илјади тони оваа година.

– Поради неспособноста на власта домашните земјоделци беа приморани добар дел од родот да го остават да скапе на нивите или воопшто да го даваат без пари. Наместо профит за илјадници земјоделски фамилии, политиките на СДСМ носат профит на мала група трговци. Оваа влада не води сметка за интересот на земјоделците, туку за интересот на неколку трговци. При тоа не му нанесоа удар само на земјоделството туку и на многу стопанските гранки кои се тесно поврзани со него, како што се трговија, транспортот, хемиска индустрија, преработувачка индустрија итн. Министерот Николовски да кажува розови прикаски секојдневно со некакви ЌЕ ветувања, но за негова несреќа бројките се конкретни,а за него и за владината политика немилосрдни. Истовремено покажувајќи ја нивната неспособност и алчност за лесна заработка на поединци блиски до власта не водејќи сметка за стратешките интереси, а во конкретниов случај интересите на македонските земјоделци. Затоа ВМРО-ДПМНЕ јасно укажува на оваа состојба која ги разоткрива нивните матни шпекулантски планови за остварување на профит на грбот на македонскиот земјоделец. Оваа власт мора да си замине веднаш додека не е доцна,секој ден нивно опстојување за Македонија има несогледиви последици, рече Трипуновски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците се Див Запад