Бактеријата „Листериа моноцитогенес“ пронајдена во смрзната пченка од Унгарија што се продава во БиХ

Од:

Агенцијата за безбедност на храна на БиХ, со посредство на Системот за брзо предупредување за храна и животни (ЕУ РАСФФ), е известена дека во Босна и Херцеговина се испорачани производи во кои е утврдена присутност на бактеријата „Листериа моноцитогенес“ (Listeria monocytogenes) над дозволената гранична вредност.

Неусогласеноста е утврдена со самоконтрола, а известувањето за неусогласеноста го доставила Финска, соопшти денеска Агенцијата за безбедност на храна на БиХ.

Бактеријата е пронајдена во смрзната пченка од брендот „Рејнбоу“ (Rainbow) со тежина од 450 грама, земја на потекло Унгарија, а производот е пакуван во Полска.

Исто така, бактеријата е пронајдена во производот „Coop Xtra Peas, Corn and Red Pepper“ на брендот „Coop Xtra“, исто така од Унгарија.

Агенцијата наведува дека целата декументација ја доставила на понатамошно постапување на соодветните инспекции во Босна и Херцеговина од кои е побарано да спроведат мерки за контрола, да го утврдат квалитетот на производот и на Агенцијата да и достават повратна информација за преземените мерки и резултати од контролата.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Орбан: Полската влада беше инсталирана од ЕУ, истото сценарио сега функционира и во Унгарија