Иницијативата на Иванов прифатлива за Груевски

Од:

Премиерот Никола Груевски ја прифаќа иницијативата на македонскиот претседател Ѓорге Иванов за формирање објективна непартиска експертска комисија за утврдување на фактите за настаните од 24 декември 2012 година, во и пред Собранието на Република Македонија, но и за настаните кои претходеа, и покрај тоа што во предложениот состав опозицијата треба да има два, а владејачкото мнозинство еден член. Груевски смета дека предлогот во комисијата да има претставник и на меѓународната заедница не е најдобро одбран пристап за легитимација во една суверена и самостојна држава.

– Дозволете да се заблагодарам на вашата иницијатива да се вклучите во процесот, но притоа и со жалење да констатирам извесна доза на дискриминација за нас, и тоа во поглед на застапеноста во комисијата, затоа што се предлага двајца претставници во комисијата да ги предложи опозицијата, а само еден владејачкото мнозинство. Исто така сметам дека треба да се земе предвид, а вие тоа добро го знаете, дека учество на претставници на меѓународната заедница во комисии кои треба да се осврнат на домашни внатрешно политички работи не е најдобро одбран пристап за легитимација во една суверена и самостојна држава, и таквиот пристап не соодејствува со нашите принципи, вели Груевски во одговорот на иницијативата на претседателот Иванов.

Но сепак, додава премиерот Груевски, и покрај овие забелешки, а имајќи го предвид моментумот и сакајќи да покажеме конструктивност и отвореност и гледајќи ја улогата на меѓународната заедница од аспект на нејзината поддршка на интегративните процеси, а нејзиното учество во комисијата како извесен мониторинг на случувањата, ние немаме што да криеме, сме подготвени за дијалог и за расветлување на вистинските случувања.

– Сакам да потенцирам и дека фактот што СДСМ во многу краток рок ја одби оваа ваша иницијатива говори само за нивната одговорност или подобро кажано неодговорност кон граѓаните и државата, и го потврдува она што ние го велевме и она што сите го знаат и на сите им е јасно, а тоа е дека ова е само сценарио на Бранко Црвенковски за создавање на хаос во државата, сценарио преку кое што тој смета дека би можеле да се остварат неговите лични цели и интереси. Ние со овој гест на прифаќање на Вашата иницијатива, ги покажуваме нашата отвореност и подготвеност за дијалог и нашиот одговорен однос кон граѓаните и државата, вели македонскит премиер.

Иницијативата денеска ја поддржа и претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски.

Би можело да ве интересира

Поранешниот премиер на Украина, Микола Азаров осуден на 15 години затвор за велепредавство

А1он

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба