МЕД отвори регионална канцеларија во Ресен

Од:

Македонското еколошко друштво (МЕД) денеска отвори регионалнна канцеларија во Ресен во рамки на проектот „Прекугранична заштита на регионот Преспа преку заеднички партнерски акции на ПреспаНет“, финансиран од Фондот за природа за регионот Преспа – Охрид (ПОНТ) и Јенсен фондацијата.

Отворањето на подружницата, за директорка на МЕД, Робертина Брајаноска, претставува важен исчекор за друштвото, кое спроведува акции за заштита на преспанскиот регион во Македонија, Албанија и Грција, како основачи на прекуграничната мрежа ПреспаНет.

– Прекрасно е чувството кога заштитата на природата ќе обедини толку луѓе и нема да познава граници. Преспанското Езеро и преспланскиот регион се жариште на биолошка разновидност, кое е потребно да го заштитиме за следните генерации, изјави Брајаноска.

Според извршната директорка на Фондот за природа за регионот Преспа – Охрид (ПОНТ), Мирјам Де Конинг, заштитата на природата во преспанскиот регион е нивен приоритет.

– Како финансиери сакаме да бидеме присутни долгорочно поддржувајќи ја работата на локалните невладини организации, заштитените подрачја во трите земји, како и локалното население преку активности поврзани со екотуризам и одржливо користење на природните ресурси, изјави Де Конинг.

МЕД во Преспа почна да спроведува мониторинг на крупни цицачи, мониторинг на растенија и водни живеалишта на прекугранично ниво, а развива и едукативни програми со училиштата во регионот. Друштвото, како што налгасија на денешното отворање на регионалната канцеларија има и постојана соработка со управите на националните паркови „Галичица“ и „Пелистер“ и општина Ресен како управител на Паркот на природа „Езерани“ и споменикот на природа „Преспанско Езеро“.

Би можело да ве интересира

Жена со автомобил удрила во метална ограда, со тешки повреди завршила во болница

Комисија ќе утврдува дали имало грешки во лекувањето на бебето од Ресен кое почина по 30 часа од раѓањето

Катерина Ѓуровски

Тепачка во Одделението за урбанизам во општина Ресен, уапсен е насилникот

Силувал 6-годишно девојче, искористил што си играла со внука му – притвор за жител на Ресен

Анита Петровска Рајковиќ

Татко и син од Ресен завршија во болница спасувајќи ја куќата од пожар

Горан Наумовски

Приведен маж од ресенско, злоупотребил картичка на скопјанка

А1он