Eштон ја подготвува средбата Николиќ – Јахјага

Од:

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон работи на организација на првата средба на претседателот на Србија Томислав Николиќ со косовската претседателка Атифете Јахјага, која ќе биде одржана во Брисел, јави Танјуг.

– Целта е со остварување на контактите на претседателско ниво да се зацврсти и интензивира дијалогот кој во моментот се води меѓу двата премиери на ниво на експерти, изјави за Танјуг функционер на Комисијата кој побарал анонимност.

Тој, меѓутоа, не можеше да го прецизира датумот и дневниот ред на состанокот, освен што рече дека средбата се планира за првата половина на февруари.

Портпаролката на високиот претставник Маја Коцијанчи’ не сакаше ниту да потврди ниту да ја демантира оваа информација.

– Се што можам да кажам е дека сите иницијативи кои придонесуваат за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина за нас се добредојдени и подготвени сме да ги поддржиме, рече Коцинајчиќ.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина