На најновата АТП листа објавена денеска нема некои поголеми промени во однос на рангирањето од пред две седмици. Победникот на Австралија Опен и натаму е лидер со 12.920 бодови.
Рожер Федерер е на второто место со 10.265, а Енди Мареј е трет со 8.480.
Скок направи Давид Ферер кој се проби на четвртото место, на сметка на Рафаел Надал кој падна на петтата позиција.
Од 6. до 10.место се наоѓаат: Томаш Бердих, Хуан Мартин дел Потро, Жо-Филфред Цонга, Јанко Типсаревиќ и Ришар Гаске