Македонските млади кошаркари уште еднаш ја победија Романија

Од:

Македонската младинска репрезентација со победата на врсниците од Романија (79:66) ги заврши подготовките за настап на континенталното првенство. И на првиот меѓусебен дуел во Скопје, домаќините забележаа победа (75:66).

Македонија од почетокот на јуни се подготвуваше за Европско првенство за кошаркари до 20 години (дивизија Б) кое ќе се одигра во Софија, Бугарија со почеток на 13 јули.

„Црвено-жолтите“ досега се подготвуваа во Скопје и во Маврово, а одиграа и пријателски натпревари против Бугарија, Унгарија, Црна Гора и против Русија.

На Европското првенство (дивизија Б) Македонија е сместена во групата А заедно со Азербејџан, Белгија, Летонија и Белорусија.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос