Во Иран се притворени 11 новинари под обвинение дека соработуваат со странски медиуми.
Обвинителството во Техеран ги обвини новинарите за соработка со новински сервиси кои се „против револуцијата“.
Притворените новинари се вработени во новински агенции, списанија и дневни весници.
Обвинителството засега нема издадено официјално соопштение за овој настан.