Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе заврши на 13-тото место на патеката Хунгароринг во Унгарија, која се вози како дел од ТЦР шампионатот.
Иџе тргна од 17 место и до крајот успеа да напредува четири позиции. Стефановски направи 12 круга за време од 26.50.306 минути.
Вториот македонски возач, Виктор Давидовски, кој тргна од 23-тото место, се пласираше на 14-тата позиција во конечниот пласман.
Победник на трката во Унгарија е српскиот возач Душан Борковиќ.
Втората трка на „Хунгароринг“ се вози утре од 11:50 часот.