Шешељ, лидерот на Српската радикална странка, одби да ја изложи својата одбрана пред хашките судии.
На судиите им рече дека можат веднаш да ја донесат пресудата и најави дека ќе вложи жалба.
Бидејќи на обвинетиот му даде можност да сведочи и да го даде завршниот збор, а обвинетиот ова го одби, претседавачкиот судија Стефан Трексел го прогласи судењето за завршено.
Шешељ е обвинет за непочитување на Судот, затоа што неколку пати одбиваше налози од Трибуналот да тргне книги и документи од својата интернет страница, бидејќи на тој начин го откривал идентитртот на заштитените сведоци од главниот процес по обвинението за воени злосторства во Хрватска, Војводина и Босна и Херцеговина во периодот од 1991 до 1993.