ДОМ: Сега се на ред фотонапонски централи за цели населби!

Од:

„Со првата мини фотонапонска централа на приватен објект во Скопје, практично започна имплементацијата на новиот закон за енергетика со кој граѓаните ќе можат да инсталираат панели на своите покриви и вишокот на електрична енергија да го продаваат на слободен пазар.

Сега се на ред фотонапонски централи за цели населби! Тоа значи формирање на енергетски заедници од приватни лица, во населбите каде што живеат. Тие ќе може да ја користат произведената енергија, да си ја разменуваат и вишокот да го продаваат на пазарот. Со инсталирање на вакви мини фотонапонски централи се цели и кон зголемување на домашното производство на електрична енергија за сметка на увозот.

Со донесувањето на новиот закон за енергетика, ДОМ исполни уште една од своите долгогодишни заложби и програмски цели. Со години наназад ДОМ организираше конференции, трибини и кампањи за промовирање на потребата од користење на обновливи енергии во масовни размери, повикувајќи на „сончева револуцуја“. Со тоа се штити животната средина, а се зголемува обемот на зелената економија и зелените работни места.

ДОМ најавува осмислена кампања и едукација за што поширока и поефикасна примена на новиот закон за енергетика, во соработка со Зелениот институт“, се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Европската зелена партија со силна поддршка за ДОМ: Чист воздух и безбедно управување со отпадот се итна потреба за граѓаните

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!