Пет-шест луѓе со столиците од паркот Жена борец се преместија на булеварот пред Собранието на Република Македонија, со што го блокираат цел град.
Поради ваквото блокирање на мала група на граѓани, вчера Скопје беше во хаос и неколку километри се поминуваа со часови.
Блокадите започнаа вчера по повторното изгласување на законот за ратификација на Договорот со Грција во Собранието.
Група граѓани неколку месеци со шатори протестираат против промена на името во тревникот спроти Собрание, поточно во Жена парк.
Жителите на Скопје се револтирани од секојдневното блокирање на оваа фрекфентна улица. Групата што протестира во текот на изминатите денови го блокира сообраќајот и во утринските и во попладневните часови кога раздвиженоста во овој дел од градот е најголема.