Четири сообраќајки вчера во Скопје, повредено едно лице

Од:

Едно лице било полесно повредено во една од вкупно четири сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје, а во три била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Тројца возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, четворица поминале на крстосница на црвено светло, двајца не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден возач за неправилно престигнување, како и 12 возачи за некористење на заштитен шлем.

Од сообраќај биле исклучени 15 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, еден почетник, како и 17 нерегистрирани возила. Санкционирани биле и двајца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин. Затекнати биле 69 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 70 возила.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот