Италијански инвеститори на средба со прилепскиот градоначалник

Од:

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски денеска разговараше со сопственикот на прилепската компанија со италијански капитал „Dan Innovation“, Дарио Буци и со директорот на компанијата во Прилеп, Гоце Станоески.

Италијанскиот бизнисмен Буци, изразувајќи го задоволството од воспоставената соработка со градоначалникот, презентираше дел од своите планови за развој на оваа извозно ориентирана компанија за расветни тела која засега во Прилеп работи со 10 вработени.

-Планираме зголемување на производствените капацитети во Прилеп, бидејќи сме извозно ориентирана фирма. Седиштето е во Милано, но, имаме свои производствени гранки, освен во Македонија, и во Кина и Турција. Извезуваме на сите континенти, а во моментов сме фокусирани на американскиот пазар, рече бизнисменот Буци на средбата со прилепскиот градоначалник Јованоски.

Италијанскиот бизнисмен Буци додаде дека компанијата „Буци-Буци“ го следи последниот современ тренд за расветни тела. А, на листата на нејзини редовни клиенти се светските брендови „Армани“ и „Версаче“.

Според прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, Прилеп со сите свои капацитети ќе го поддржи успешното функционирање на оваа компанија во Прилеп.

– Како Општина со сите расположливи капацитети ќе го поддржиме вашето функционирање. Ги поздравувам плановите за развој и за проширување на производствените капацитети во Прилеп. Тоа ќе значи и можност за отворање на нови работни места во градот, истакна градоначалникот Јованоски.

Би можело да ве интересира

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница

Истрага за 50-годишен прилепчанец за обид за убиство на социјален работник

А1он

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Тешко ранета е вработена во прилепскиот Центар за социјални работи

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Китаноски: Борче Јовчески ќе остане запаметен и по расипничкото и неодговорно трошење на парите на граѓаните

Дисциплинска казна за здравствените работници кои учествувале во лекувањето починатите новороденчиња

Горан Наумовски