Јапонија: Поројни дождови принудија да се евакуираат илјадници жители

Од:

Јапонските власти наредија евакуација на населението од околината на древниот град Кјото, поради поројните дождови во западните региони, при што загина един човек.

Околу 160.000 лица беа посоветувани да се евакуираат откако метеоролозите предупредија дека врнежите, кои ги нарекоа „историски“, може да продолжат до крајот на неделата.

– Неопходна е сериозна претпазливост, изјави на прес конференција претставник на Јапонската метеоролошка служба и предупреди за можни лизгања на земјиштето и силни ветрови.

Јапонската радио-телевизиска корпорација соопшти дека еден градежен работник починал во западната префектура Хјого, откако бил вовлечен во канализација, а две лица биле повредени, обидувајќи се да го спасат.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови