(ВИДЕО) Поповски: Владата на Македонија најотворена меѓу владите од регионот

Од:

Владата на Република Македонија е на прво место во оценката за отвореност на Владите во регионот. Минатата година во исто такво истражување била на последно шесто место. Министерствата годинава, по истите критериуми, биле рангирани на трето место, а минатата биле исто така на последно. Најдобри оценки има Министерството за труд и социјална политика.

Ова го покажува истражувањето поддржано од ЕУ, со кое се мери отвореноста и транспарентноста на институциите во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора.

– Ова е извонредно признание за еден од клучните приоритети на Владата за транспратентно и одговорно владеење во интерес на граѓаните, но истовремено и голема обврска и предизвик за натамошни подобри резултати, рече на денешната прес-конференција во Владата министерот Роберт Поповски.

Според резултатите, најголем напредок Владата на РМ бележи во индикаторот за свесност, 99,88 проценти, што се оценува преку стратешките документи, следливоста, мисиите, визиите и годишните извештаи.

Ова, рече Поповски, говори дека речиси стопроцентна е посветеноста на Владата за транспарентно и одговорно владеење. Владата, додаде, ќе се стреми на наредното истражување да покаже уште подобри резултати и заедно со сите министрстава да бидеме лидери за транспраеннот и отчетност не само во регионот туку и пошироко. На ваков начин, потенцира, се воспоставува нова политичка култура на владеење која ќе треба да ја следат и идните влади.

Проект-координаторката Лилјана Пецова-Илиеска од Метаморфозис, кој го изработи истражувањето, истакна дека вели дека во наредниот период е потреба дебата за тоа што од индикаторите не и исполнето и на што треба да се работи. Потребно, е додаде таа да се одредени индикатори за уште подобри резултати.

Таа појасни и дека Министерството за труд и социјала покажува најголем напредок, а оти Министерството за правда е единствено кое бележи пад за шест отсто во однос на сите можни индикатори. Министерствта, рече имаат посебни индикатори различни од оние кои се однесуваат на Владата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски