Ѓеоргиевски кандидат за градоначалник на Куманово од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Со поддршка на институциите и Владата на Република Македонија ќе воведеме европски стандарди во функционирањето во идната локална смоуправа, со помош на европските фондови, ќе успееме да ги дадеме очекуваните резултати за кумановци, најави кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за општина Куманово на денешната промоција Зоран Ѓеоргиевски.

– Водоснабдување за целиот град и за приградските населби, отворање на индустриска развојно-инвестициска зона со што ќе се намали бројот на невработеноста, отворање на три нови детски градинки во населбите „Зелен Рид“, „Карпош“ и „Перо Чичо“, изградба на три спортски сали во училиштата „Наце Буѓони“, „Јероним Дерада“ и „Кирил и Методиј“, преуредуавње на постоечките излези и влезови во Куманово по сите можни европски стандарди, најави Ѓеоргиевски.

Меѓу проектите се и формирање на јавно сообраќајно претпријатие, реновирање на градскиот фудбалски стадион, проекти за заштита на животната средина, нов пазар за граѓаните за населбата “Гоце Делчев”.

– Куманово со овие проекти ќе прерасне во урбана средина економски социјално оддржлива општина со квалитетен живот на граѓаните, рече кандидатот за градоначалник на Куманово на ВМРо-ДПМНЕ Ѓеоргиевски.

Зоран Ѓеоргиевски е познат хирург, со долгогодишен стаж, афирмиран во својот досегашен професионален ангажман во Општата болница Куманово.

Би можело да ве интересира

Томислав Томашевиќ убедливо победи во Загреб со над 30.000 гласови повеќе од Марија Селак Распудиќ

Горан Наумовски

Анкети: Tрзасковски тесно води на претседателските избори во Полска со 50,17 проценти од гласовите

Горан Наумовски

Јадранка Косор: Сплит ќе биде мега победа за ХДЗ

Томашевиќ води во Загреб, Павличек прогласува победа во Вуковар, а Риека добива нов градоначалник

Излезноста на вториот круг од претседателските избори во Полска е поголема отколку пред пет години

Локални избори во Хрватска: Затворени гласачки места, ниска излезност