(ВИДЕО) Шилегов: ДПМНЕ-то „гради“ кампови за мигранти, за спас на поранешните функционери на партијата

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на денешната прес конференција повтори дека во главниот град нема да се градат кампови за мигранти, ниту во Визбегово, ниту на друга локација и дека од ВМРО-ДПМНЕ и медиуми блиски до нив се шират лажни вести дека ќе се градат бегалски кампови поради обвиненијата против поранешните функционери од партијата.

„ДПМНЕ-то „гради“ бегалски кампови бидејќи раководството го губи тлото под нозете во обид да се спасат членовите и поранешните функционери од обвиненијата за кои се товарат. Ботовите од опозицијата ќе бидат се побројни како се шират обвиненијата за криминалите што ги направија изминатите години функционерите од партијата додека беа на власт“, рече Шилегов.

Тој истакна дека во Визбегово е планирано проширување на капацитетите за вдомување на бездомните лица, а не станува збор за камп за мигранти.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ

79-годишен скопјанец допираше малолетно девојче

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски