ВИДЕО: Се запали автобус на ЈСП во Кисела Вода, нема повредени

Од:

Автобус на ЈСП се запали утринава на последната станица на автобуската линија 24 во скопската населба Кисела Вода. За среќа сите патници навреме го напуштиле автобусот и нема повредени лица.

Од Противпожарната единица велат дека се интервенира на теренот со три возила и осум пожарникари. Од Противпожарната единица на Град Скопје велат дека не е предизвикана голема материјална штета.

Од ЈСП велат дека станува збор за постар автобус на кој се му запалила инсталацијата. Веднаш кога избувнал пожарот интеревенирал возачот на автобусот, кој се обидел со апарат да го изгасне, но превентивно биле повикани и пожарникарите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат