Ѓоковиќ има големи амбиции

Од:

Поранешниот прв светски рекет Новак Ѓоковиќ изјави дека оди на Вимблдон со цел да го освои престижниот турнир.

– Во добра форма сум. Кога веќе одам на Грен слем, целта е да го освојам, а не само да се појавам. Постепено се враќав во ритам и мислам дека сега сум на едно ниво кое ми дава шанса за успех. Имам големи цели и мотиви, истакна Србинот.

Ѓоковиќ утре во 1.коло на Вимблдон се среќава со Американецот Сандгрен.

Српскиот тенисер нема титула повеќе од една година, но зад него е сезона во која се соочи со повреди и подолго отсуство од терените.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ