Владиното роуд шоу во Русија

Од:

Премиерот Никола Груевски и владината делегација во Москва ја имаа првата презентација во Москва на инвестициските можности кои што ги нуди Република Македонија.

Бизнис форумот беше организиран во соработка со Руската трговско-индустриска комора и на него присуствуваа повеќе од 90 претставници на руски компании и стопанственици.

Груевски на форумот ги претстави поволностите кои што се нудат во областа на даночната политика, при што истакна дека Република Македонија го нуди најнискиот даночен пакет во Европа, а ги претстави и можностите за компаниите кои ќе се одлучат за инвестиција во технолошко развојните зони во Македонија во првите 10 години по отворањето да бидат ослободени од плаќање данок на доход и на добивка.

„Реномираните Форбс и Прајс вотер хаус ја ставија Македонија во првите неколку земји според условите за водење бизнис и ниските даноци и доколку дојдете во Македонија ќе се уверите во тоа и ќе наидете на пријателски ориентирана влада која што има разбирање за потребите на бизнисмените и секогаш е подготвена да излезе во пресрет за задоволувањето на нивните интереси и потреби“, изјави премиерот Груевски.

Груевски кажа дека во Македонија може да се отвори фирма за само неколку часа, за што според оценките на Светска банка, рече тој Македонија е една од најдобрите во светот. Според него, олеснети се и процедурите за почеток на изградба на градежни објекти потребни за бизнис, односно за изградба на објекти или друг вид на капацитети.

„Енергетиката, туризмот, земјоделието се полињата каде што може да дојде до поголем заеднички интерес со поголема интензивирана соработка помеѓу нашите две земји, а токму како резултат на добрите наши политики во изминатиов период имаше заинтересираност од повеќе компании од Кина, Катар, Индија итн.. за инвестиции во Македонија, а веќе неколку компании од САД, Велика Британија, Германија, Италија имаат отворено фабрики во Македонија или се во процес на нивна изградба“, истакна премиерот Груевски пред присутните руски инвеститори.

Во име на домаќинот се обрати претседателот на Руската трговско-индустриска комора, Сергеј Катерин, кој што истакна дека руската комора позитивно ги оценува активностите на македонската Влада за конкретно претставување на поволностите кои што Република Македонија ги нуди и дека во идниот период Руската комора ќе ги охрабрува руските бизнисмени да реализираат инвестиции во Македонија.

Исто така, на форумот се обрати и заменик министерот за регионален развој и потпретседател на мешовитата Македонско-Руска меѓувладина економска комисија, г-дин Максим Травников, кој што во своето обраќање стави акцент на енергетиката.

„Русија има инвестиции во енергетиката во Македонија, како што е генеративната гасна централа и компании кои набавуваат машини и опрема за македонските енергетски претпријатија, а следен чекор кој што треба да го направиме е можноста за приклучување на Македонија во коридорот Јужен поток и обезбедување на изградба на гасоводен систем во Република Македонија, за што ќе ги продолжиме нашите контакти и соработка“, кажа Травников.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада