ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ си поигруваат со граѓаните со намалувањето на електричната енергија за 0,1 отсто

Од:

„СДСМ избегнува да одговори кој ги краде парите за струја.

Зоран Заев и СДСМ си поигруваат со граѓаните на Република Македонија со намалувањето на електричната енергија од 0.1%.

Наместо намалување на цената струјата од 30 % граѓаните добија незначителни 0.1 %.

Зоран Заев и СДСМ не успеваат ни да си ги исполнат ветувањата кои им ги дадоа на граѓаните пред 2 години кога бараа намалување на цената на електричната енергија од 30%. Цената на електричната енергија на регионалните берзи денес е речиси иста како што била во јуни 2016 година.

Наместо СДСМ да се занимаваат со бесмислени соопштенија време е да им дадат одговори на граѓаните на Република Македонија.

Зошто Заев не ја намали струјата од 30% како што ветуваше? Каде одат парите кои СДСМ им ги зема на граѓаните? Дали граѓаните ги плаќаат сомнителните милионски тендери за ископ на руда за РЕК Битола? Колку пари ги чинат граѓаните струмичките камиони кои секојдневно влегуваат и излегуваат од РЕК Битола? Колку од овие пари завршуваат во семејството Заеви кои биле сопственици на овие камиони? Колку од овие пари завршуваат во фирмите донатори на СДСМ како што е Делукс Ауто од Куманово? Уште колку тендери за набавки на возила или скапи неспособни советници ќе плаќаат граѓаните?

Време е да се стави крај на лагите, расипништвото и неспособноста на оваа власт.

Зоран Заев може да обезбеди подобар живот само за криминалниот картел на власт и затоа мора да си замине.

Македонија мора да победи“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ:

Би можело да ве интересира

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците се Див Запад