ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Николовски ги тампонира патиштата, но нема ништо на нивите

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на изјавата на министерот за земјоделие, Љупчо Николовски.

„Добро е што се нафати Љупчо Николовски конечно да тампонира патишта, но главниот проблем е што нема ништо на нивите. А нема затоа што земјоделците се запоставени, маргинализирани и затоа што нема никаков слух за нивните барања.

Субвенциите се кратат, нема нови огласи за распределба на ново земјиште, стопирани се сите проекти за поддршка на земјоделците. Тоа е жалната реалност на македонските земјоделци а крахот во земјоделието почнува со Николовски.

Наместо да ја замајува јавноста со тампонирање, Николовски нека ги засука ракавите и нека почне да ги решава проблемите на земјоделците“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците се Див Запад