Планинарите од Кичево организираат еднодневна акција

Од:

Планинарското еколошко друштво „Ендорфин“ од Кичево организира еднодневна планинарска акција до врвот Црн Камен (2258 м.н.в.) на планината Јабланица.

Почетна точка е во с. Горна Белица, додека пак патеката е долга околу 12 км во двата правци.Тргнувањето е предвидено во 6:30 часот пред О.С.У. „Мирко Милески” – Кичево во недела.

Од планинарското еколошко друштво „Ендорфин“ за сите учесници како појаснување велат дека ќе им биде потребна следната опрема -разгазени планинарски чевли, облека според временските услови, кабаница за дожд, капа, стапови, исхрана од ранец вода 1,5-2 л литри.

Како напомена се посочува и тоа дека секој учесник мора да има соодветна психофизичка подготвеност за искачувањето и учествува на сопствена одговорност, да ги почитува препораките и насоките на водичите.

Учесниците да ги слушаат упатствата на водичите и да ја чуваат животната средина, и оти имаат право да исклучат учесник пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси лихвар од Кичево, кај него се најдени пари и накит

Удрил во две девојчиња во Кичево и избегал, полицијата трага по возачот

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка