ВМРО-ДПМНЕ: Николовски е елементарна непогода за земјоделството

Од:

„Љупчо Николовски, како и целата влада сака да ја покрие својата неспособност со ароганција. Тоа вчера го покажа и докажа на настан кој имаше за цел да отвори дебата за унапредување на советодавните услуги во земјоделството и започнувањето на јавната расправа по новиот закон за советодавни услуги.

Министерот за земјоделие Николовски покажа запрепастувачко незнаење и нестручност.

Жално е што министерот не знае дека Република Македонија има изграден советодавен систем повеќе од 50-тина години. Советодавниот систем на Република Македонија е составен од многу субјекти како научно-истражувачките институции, агро-бизнис компаниите, приватни консултантски организации и т.н.

Николовски се става над процедурите и сака да го протурка законот без забелешките од стручната јавност, земјоделците и општата јавност.

Арогантното и понижувачко однесување на министерот кон земјоделците нема да ги реши проблемите на земјоделците, напротив тоа ги продлабочува.

Да биде иронијата поголема тој во своето излагање ветил дека ако не успее да го спроведе својот план ќе си заминел.

Министре ви порачуваме заминете си веднаш пред да бидат штетите предизвикани од вашето незнаење и неспособност неколку пати поголеми од штетите што ги предизвикуваат глобалните климатски промени. Со една реченица: Вие сте елементарна непогода за земјоделството“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците се Див Запад