Од куќа во тетовско одземено злато вредно 8000 евра

Од:

Ограбена поголемо количество на злато од куќата на Р.Б. од село Камењане- Тетово.

Вчера помеѓу 20.00 и 21.30 часот во с.Камењане–Тетово во куќата на Р.Б.(1983), од страна на НН сторител извршена е тешка кражба на начин што додека домашните биле на гости, го прескокнал дворниот ѕид од задната страна на куќата каде нашол една клупа на која се поткачил, со тврд предмет го искршил стакло од прозорот од собата на приземјето и влегол внатре.

Од спалната соба на поткровјето која ја користел А.Р.(на работа во Италија), извршил пребарување и одзел пластично ковчеже со златен накит, по што го напуштил лице местото. По кажување на Н.Р. сопруга на А.Р., одземени се: еден златен ќустек – 2 метри, еден златен привезок од 5 минци, пет златни алки со бели камења, 4 женски прстени, две златни нараквици (едната полна, втората составена од 6 половина лири), две златни ланчиња и бижутерија.

Причинета е материјална штета околу 490.000,00 денари.

Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Тетово. СВР-Тетово презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Би можело да ве интересира

Запленет кокаин во Гевгелија, лишен од слобода дилер, одреден му е притвор

СДСМ бара Сиљановска да не го потпишува Указот за Законите за полиција и МВР

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари

Катерина Ѓуровски

МВР: Уапсени се две лица, одземено е товарно возило, запленета е стоката

МВР: На социјалните мрежи се појавија лажни објави за телефони, апелираме да не кликнувате на такви објави

За 48 часа МВР „подели“ 1.293 казни на возачи и пешаци