Пензиите во Романија ќе се зголемат за 10 отсто

Од:

Во Романија од 1 јули стапува во сила зголемувањето на пензиите за 10 проценти до 1.100 леи (1 евро=4,66 леи) во нето вредност, а минималната загарантирана пензија ќе се зголеми за 23 проценти од 520 леи на 640 леи, јавија денеска романските медиуми..

Истовремено, зголемувањето на трошоците за пензии и плати во буџетскиот сектор доведе до речиси четирикратно зголемување на буџетскиот дефицит во првите пет месеци од 2018 година во однос на истиот период лани, односно на 8,14 милијарди леи (0,88 проценти од БДП), соопшти Министерството за финансии.

– Ако продолжиме со овој ритам на зголемување на трошоците за социјална помош и плати, до крајот на годината парите нема да ни стасаат, изјави претседателот на Фискалниот совет Јонуц Думитру.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Букурешт: Падна дел од таванот во операциона сала за време на операција

Горан Наумовски

Романија: Преживеани од пожарот во диското „Колектив“ нудат помош за настраданите во Кочани

Централната изборна канцеларија на Романија потврди 12 кандидати за претседателските избори

Романија има нов кандидат за претседател

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски