Гимназиите во Дебарско останаа полупразни

Од:

Во трите средни општински училишта, колку што функцонираат во поширокиот дебарски регион, по првиот уписен рок, во прва година, пополнети се само 17 отсто од предвидените 544 ученички места, осносно само 90.

Во СОУ „Здравко Чочковски“, во Дебар, со Конкурсот на Министерството за образование и наука предвидена е квота од 340 ученички места, а се запишале 41 ученик, сите гимназиска насока. Од нив 11 за настава на македонски и 30 за албански наставен јазик.

Тоа значи дека за вториот, августовски уписен рок, има 125 слободни места за настава на македонски и 174 за албански наставен јазик,од нив 34 за паралелката со градежно геодетска насока.

Во гимназијата „Маврово и-Ростуше“ во Ростуше, предвидната квота за упис во прва годна е 102 ученика, сите со настава на македонски наставен јазик. Запишани се 43 ученици, што значи слободни се 59 места.

Најслаб одѕив за упис е забележан во гимназијата „АТА“ во Центар Жупа, каде се запишани само шест ученици, сите за настава на турски наствен јазик. Во оваа средношколска установа за вториот уписен рок, за настава на македонски слободни се 34 и 62 на турски наставен јазик.

Од управите наведуваат дека во согласност со ресорното министерството се очекува намалување на потребниот минимум поени за августовскиот уписен рок, за што веќе имаат доставено барања.

Тогаш очекуваат поголем одѕив, но имајќи ги предвид и изминатите години предвидената бројка повеќе од сигурно е дека нема да биде целосно пополнета.

Како една од причините за помалиот број на ученици во деветолетките е и миграцијата, како и тоа дека дел од полуматурантите се запишуваат во средни стручни училишта во државава, но и бесплатниот престој во ученичките домови.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование