Ставрески: Проектот „Купи куќа, купи стан“ има голема човечка димензија

Од:

Проектот „купи куќа, купи стан“ влегува во втората година од реализацијата. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески очекува како и во изминатата година да добијат поддршка стотици граѓани за да решат едно од најкрупните прашања обезбедување свој дом. Денеска беа доделени одобренија на нови корисници на субвенциониран станбен кредит од овој проект.

– Денешното доделување на одобренија на корисници на субвенциониран станбен кредит е одбележување на првата годишнина од проектот. Влегуваме во втората година во која верувам исто така дека стотици нови семејства ќе ја искористат оваа можност. Кредитот досега им помогна на 110 граѓани, односно семејства, рече министерот Ставрески.

Додавајќи дека ако проектот се гледа од аспект дека со него се решава вакво крупно прашање има една голема човечка димензија и важно е што, без разлика дали прашањето го решава млад брачен пар кој живее во заедница, дали е самохран родител со деца или слично, со поддршка од Владата решава големо животно прашање.

– Владата им помага на луѓето на кои им е најмногу потребна поддршка и во најсоодветниот период, а тоа е на почетокот кога треба да се дособерат пари и кога секој денар е значаен да се аплицира за станбен кредит. Овој проект е наманет токму за граѓаните кои имаат одредени приходи но немаат доволно или им недостасуваат малку за да може да добијат станбен кредит или сакаат да го добијат со подобри услови и токму тука е улогата на Владата и на проектот „Купи куќа, купи стан“, истакна министерот за финансии.

Поддршката од Владата во случајот кога граѓанинот го одбира моделот „Половина рата“ достигнува и до 10 илјади евра. Досега доделените субвенции од Владта изнесуваат 640 илјади евра. Каматите на субвенционираниот станбен кредит се фиксни за првите пет години и тоа 4,99 проценти за првите три години и 5,49 проценти за четвртата и петтата година.
Најголемиот дел од добитниците го избрале моделот „Половина рата“, а според локацијата се од Скопје. Меѓу денешните нови има и од Пробиштип, Гевгелија…

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница