Давитков: Мораме да се подготвиме подобро за она што ни претстои

Од:

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Јорданчо Давитков по вчерашниот пораз од Швајцарија со 85-79 во рамки на првата фаза од претквалификациите за Евробаскет 2021 изјави дека тимот имал потешкотии поради новите играчи во ростерот и дека им било тешко да се воиграат како тим.

Македонија и покрај поразот остана првопласирана во групата и обезбеди пласман во втората рунда од претквалификациите, закажана за септември.

– Кошаркарите на Швајцарија одиграа одличен натпревар. Имавме нови играчи во нашиот ростер, па и играта ни беше поинаква, тимот беше поинаков и имавме потешкотии. Не игравме воопшто во првиот период и ни беше многу важно да се вратиме во игра. Напреднавме во втората рунда, но мораме да се подготвиме подобро за она што ни претстои. Таква е кошарката денес, имавме речиси 40 дена вон тренажен процес, па ни беше тешко да се воиграме како тим, изјави селекторот на Македонија по мечот.

Центарот на „жолто-црвените“, Бојан Трајковски изјави дека направиле многу грешки за време на дуелот, но и дека имаат доста работа пред следната фаза натпревари за да ги поправат.

– Честитки до тимот на Швајцарија. Направивме многу грешки, но имавме добри резултати досега во претквалификациите, особено минатата година. Најважно е што се вративме по првиот период. Имаме три-четири месеци за работа пред следната фаза и за да ни се вратат играчи кои беа повредени и отсуствуваа денеска, изјави Трајковски, цитиран од КФМ.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ