Бодирога на чело на ФИБА Европа?

Од:

Славниот српски кошаркар Дејан Бодирога е најсериозен кандидат за нов претседател на ФИБА Европа.

Кошаркарскиот сојуз на Србија дал зелено светло, Бодирога да ја превземе функцијата, на која треба да го наследи Исланѓанецот Олафур Рафнсон, една година пред истекот на неговиот мандат.

Ова ќе се случи само доколку Арбитражниот суд во Лозана ја прифати жалбата на 28 национални федерации, кои бараат вонредно Собрание на ФИБА Европа, што автоматски значи дека ќе се одржат нови избори.

Легендарниот кошаркар ги исполнувал условите за престижната функција, зад себе има импресивна играчка кариера, а во последните две години тој ја обавува функцијата потпретседател на Кошаркарскиот сојуз на Србија.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ