Македонската кошаркарска репрезентација вечерва гостува во Фрибург каде против Швајцарија ќе го одигра последниот дуел од претквалификациите за Евробаскет 2021.
Избраниците на селекторот Јорданчо Давитков досега во групата имаат максимални три победи и посакуваат со триумф да го потврдат првото место.
Со заверка на првата позиција, Македонија ќе се пласира во втората рунда од претквалификациите кои според распоредот на ФИБА ќе започнат со одигрување во септември, тековната календарска година. За да остане Македонија на првото место на табелата и да се пласира во втората рунда претквалификации, потребна е победа или евентуален пораз до 15 поени негатива.
На првиот меѓусебен меч во Скопје, Македонија победи со 83:68.
Натпреварот ќе почне во 19 часот и 30 минути.