Иран повикува на создавање заедничка воена организација на муслиманските држави

Од:

Министерот за одбрана на Иран повика за формирање заедничка воена органзиација на муслиманските држави, јави Синхуа повикувајќи се на иранската телевизија Прес ТВ.

– Предложивме формриање воена организација во која би биле членки сите муслимански држави со цел да се заштитат правата на угнетените народи, вклучително и на Палестинците, изјави бригадниот генерал Сардар Ахмад Вахиди.

Според него, муслиманските држави треба да бидат повисока воена сила и да не дозволат агресор да помисли на напади во која и да е муслиманска држава. Телевизијата наведе дека Иран повикал за првпат за формирање пакт за одбрана на муслиманските држави во август минатата година.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он