Хоџа: Наскоро декларацијата за признавање на возачките дозволи со Германија

Од:

Владата на Република Македонија очекува наскоро да биде потпишана Заедничка декларација меѓу Министерството за внатрешни работи и Сојузното министерство за сообраќај и дигитална инфраструктура на Сојузна Република Германија за признавање и замена на возачки дозволи, откако на вчерашната седница беше усвоена Информација за ова прашање.

– По интензивна комуникација меѓу двете министерства во мај оваа година се изврши усогласување на заедничката декларација помеѓу министерставата на Република Македонија и Сојузната Република Германија со што се предвидува по потпишувањето на заедничката декларација да постои признавање и замена на националните возачки дозволи од двете земји, односно, реципрочно признавање на возачките дозволи во двете земји, со што од особена важност за сите граѓани на Македонија кои живееат или престојуваат во сојузна република германија е тоа што со стапување во важност на оваа декларација, нема да има потреба повеќе да полагаат теоретски и практичен тест, нема да има потреба да посетуваат преглед за вид, и да ги поминуваат сите овие процедури, рече владиниот портпарол Мухамед Хоџа.

Според него, ова ќе претставува сериозно олеснување за сите граѓани на Македонија кои живеат или претстојуваат во Сојузна Република Германија, а кои подолг временски бараа од Владата реализација на ова признавање.

– Согласно информациите добиени од МВР очекуваме декларацијата да биде потпишана наскоро и да почне да се применува во двете држави, рече Хоџа.

Република Македонија досега има потпишувано договор за признавање на возачките со седум држави и тоа со Шпанија, Италија, Србија, Албанија Црна Гора, БиХ и Австрија.

– Во сите овие држави граѓаните на Македонија што го имаа регулирано законското право за престој во едноставно постапка само вршат замена на дозволата. Додека оние лица кои транзитират или престојуваат до шест месеци во овие држави ја користат возачката дозвола од РМ, рече Хоџа.

Тој најави дека наскоро се очекува и реципрочно признавање на возачките дозволи со Република Косово.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски