Масовни отпуштања во националната новинска агенција на Аргентина

Од:

Аргентинската влада одлучи да отпушти 354 новинари и вработени во државната новинска агенција Телам од вкупно 900. Владата упати осуда заради употребата на агенцијата за политички цели во време на поранешните претседатели Нестор и Кристина Киршнер.

Агенцијата објави дека на пат за модернизација и професионализација на фирмата е одлучено да се отпуштат вработени кои не одговараат на бараниот профил.

– Новиот Телам ќе биде модерна агенција, сигурна и со повеќе платформи, лидер во националниот и регионалниот пазар на информации, се вели во соопштението на агенцијата.

Во него се додава дека агенцијата, како и бројни други државни организации и фирми, беше жртва на несовесното и лошо раководство на претходната влада, на претседателите Нерстор и Кристина Киршнер (2003-2015), кои го користеле јавниот сектор за политички цели.

Во периодот меѓу 2003 и 2015 година бројот на вработени во Телам се зголеми од 479 на 926 луѓе.

Синдикатите веднаш одлучија да почнат штрајк на неодредено време. Тие навестија дека се работи за план за расформирање на јавните медиуми и за воспоставување медиумски систем во прилог на концентриран индустриски капитал.

Би можело да ве интересира

Аргентина делумно ќе ги укине даноците наметнати на стоки купени во странство

Пет лица уапсени за уривањето на хотелот Дубровник во Аргентина: Едно лице загина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна хотелот „Дубровник“, спасувачите трагаат по исчезнатите

Исекоа шума во Аргентина, папагалите се спуштија во градот, гризат кабли, ги излудуваат луѓето

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ