Кливленд ја спаси честа на екипите кои играа на гостински терен, во десетте натпревари, кои во НБА лигата се одиграа во ноќта помеѓу саботата и неделата.
Кајл Ирвинг постигна тројка на 0,7 секунди до крајот на мечот со Торонто во кој Кливленд победи со 99:98. Ирвинг постигна 32 поени, со што ја продолжи импресивната низа која ја има оваа недела – против Бостон постигна 40, а против Милвоки 35 поени.
Николас Батум го забележа вториот ‘трипл дабл’ во кариерата, во победата на Портланд над ЛА Клиперс со 101:100. Францускиот репрезентативец имаше 20 поени, 10 скокови и 12 асистенции. Решавачките поени ги постигна Џеј Џеј Хиксон, а потоа во последната секунда Џамал Крафорд не погоди за Клиперси кои го забележаа четвртиот пораз во низа. Блејк Грифин кај Клиперси имаше учинок од 24 поени, 10 асистнции и осум скокови.
Преглед на резултатите: Торонто – Кливленд 98:99, Филаделфија – Њујорк 97:80, Вашингтон – Чикаго 86:73, Шарлот – Минесота 102:101, Хјустон – Бруклин 119:106, Милвоки – Голден Стејт 109:102, Сан Антонио – Феникс 108:99, Денвер – Сакраменто 121:93, Јута – Индијана 110:114 (продолжение) и Портланд – Лос Анџелес Клиперс 101:100.
Вечерва на програмата се седум натпревари: Бостон – Мајами, Лос Анџелес Лејкерс – Оклахома Сити, Орландо – Детроит, Мемфис – Њу Орлеанс, Њујорк – Атланта, Далас – Феникс и Лос Анџелес Клиперс – Портланд.
Пласман Источна конференција: Мајами 28-12 (победи-порази), Њујорк 26-15, Чикаго 26-17, Бруклин 26-18, Индијана 26-18,…
Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 34-10, Сан Антонио 36-11, Л.А.Клиперс 32-13, Мемфис 28-14, Голден Стејт 26-17,…