Османи-Хиса: Напредокот во меѓусебните за продлабочување на пријателството меѓу двете земји

Од:

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска во просториите на Секретаријатот за европски прашања оствари средба со амбасадорот на Косово во Македонија, Илбер Хиса, по повод завршувањето на неговиот мандат.

– Македонија и Косово остварија значаен напредок во меѓусебните односи изминатиов период, трасирајќи го притоа патот за продлабочување на пријателството меѓу двете држави, изјави Османи, упатувајќи благодарност до амбасадорот Хиса, за неговиот придонес во изградбата на добрососедските односи меѓу двете земји.

Како што соопшти СЕП, соговорниците изразиле задоволство од напредокот во остварувањето на заедничките проекти, особено во делот на проектите за меѓугранична соработка, финансирано од ИПА средствата на ЕУ, посочувајќи го тука како еден од поважните успеси и поставувањето на камен темелник на заедничкиот граничен премин Белановце – Станчиќ.

Во контекст на олеснувањето на комуникацијата меѓу двете земји, соговорниците го поздравија и напредокот на проектите за автопатско поврзување на Скопје и Приштина, со што двете земји и формално ќе станат најблиски соседи.

Соговорниците за време на разговорот уште еднаш потенцираа дека Македонија и Косово немаат отворени прашања, но имаат заеднички цели, за кои заеднички ќе работат – членството во ЕУ и НАТО.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски