Избрани најдобрите дебатери за 2018 година

Од:

Од 22 до 24 јуни 2018 Младински образовен форум го организираше Националното дебатно првенство на кое се натпреваруваа дебатери од Скопје, Велес, Тетово, Прилеп и Куманово. Првенството се одржа во СУГСГ “Јосип Броз Тито”. Победнички на овој турнир беа дебатерките: Христина Цветановска и Марија Филиповска.

Второто место го освоија дебатерките Ана Маркоска, Оливера Каменароска и Стефан Митиќ. За најдобра индивидуална говорничка беше избрана Ана Крстевска, втора говорничка беше Христина Цветановска, а третото говорничко место го освои Јана Петрова.

Главната теза на која средношколците дебатираа беше “Овој Дом Верува Дека пристапот до возачка дозвола и конзумирањето алкохол треба да биде определено според тест на интелегенција наспроти возраст”. Турнирот се одржа во World Schools дебатниот формат, на англиски јазик и истиот опфати 5 прелиминарни рунди, полуфинале и финале.

На турнириот се дебатираше и на уште една импромпту теза (тези кои не се однапред најавени):
„Овој Дом Верува Дека Државата треба да забрани уметност создадена од луѓе кои имаат направено неморални акти“.

Целта на турнирот беше да обезбеди простор за напревар за аргументирана дискусија. Во овие неколку денови младите средношколци ги предизвикаа сопствените ставови и дискутираа за одоговорноста што индивидуите ја имаат кон општеството наспроти сопствените права и слободи. Преку истражување, аргументирано изразување и тимска работа, средношколците ги продлабочија своите знаења.

Настанот е организиран од МОФ со поддршка СУГСГ Јосип Броз Тито, и во соработка со Град Скопје.

„Проектот е финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.“

Би можело да ве интересира

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска