Автомобил излетал од патот кај село Војница, едно лице тешко повредено

Од:

Автомобил марка „Форд галакси“ вчера излетал од коловозот кај селото Војница и удрило во земјен брег од десната страна при што со тешки телесни повреди се здобило едно лице.

Според информацијата од СВР Велес, вчера околу 18.00 часот на регионалниот пат Извор-Велес, пред крстосницата за село Војница во регионот на Општина Чашка, дошло до сообраќајна незгода во која патнички автомобил марка “Форд Галакси“ со велешки регистарски броеви управуван од З.А. (22) од село Горно Јаболчиште, Чашка излегло надвор од коловозот и удрило во земјен брег од десната страна на патот.

По незгодата со две возила на Итна медицинска помош при ЈЗУ “Здравствен Дом“ Велес, возачот и четворицата сопатници биле пренесени во ЈЗУ “Општа Болница“ Велес, каде што, бил извршен лекарски преглед и биле констатирани тешки телесни повреди кај лицето И.А.(47) од Горно Јаболчиште кој бил упатен на понатамошно лекување во Ургентниот Центар во Скопје, а останатите со лесни телесни вреди биле упатени на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.

Би можело да ве интересира

Обвинителство: Во несреќата кај Штип загинаa тројца работници, двајца од Бангладеш и еден од Непал

Горан Наумовски

Тројца работници загинаа, а двајца се тешко повредени во сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш

Горан Наумовски

Несреќа на патот Штип-Радовиш, има починати и повредени

Горан Наумовски

Во сообраќајка во Луксембург загинаа тројца државјани на Косово

„Мерцедес“ излета од патот кај Облешево, загина возач

Горан Наумовски

Еден загина, тројца тешко повредени во сообраќајка кај Градско

Горан Наумовски