Голем протест на „Отпорот“

Од:

Здружената опозиција денеска во Скопје ќе организира голем протестен марш под мотото „Отпор против партиско полицискиот режим“.

Маршот започнува од крстосницата на улица „Брадфордска“ со улица „Јури Гагарин“ со почеток во 12:00 часот.

Учесниците на мирниот протестен марш организирано ќе маршираат кон Министерството за внатрешни работи.

Движењето започнува во 12:00 часот од крстосницата на улица „Брадфордска“ со улица „Јуриј Гагарин“ (кај Салон 29), продолжува по улицата „Јури Гагарин“, каде се приклучува на улица „Народен Фронт“, сѐ до новиот Цветен Пазар, каде колоната се приклучува на Булеварот „Св. Кирил и Методиј“. Од тука, колоната се движи во обратна насока по истиот Булевар, покрај ТЦ „Рамстор“, сѐ до крстосницата со улица „Бихаќка“, каде се врти десно, под надвозникот продолжува право до Министерство за внатрешни работи, информираат од здружената опозиција.

Би можело да ве интересира

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата

Протест во Тунис прерасна во судири со полицијата

Протест против странските работници во Риека: Дојдоа 20 луѓе