(ВИДЕО) Трипуновски: Земјоделците се излажани и изманипулирани, земјоделието секојдневно тоне

Од:

Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција обвини дека земјоделците се соочуваат со ниски откупни цени, влошен пласман, намалени субвенции и тотална негрижа во периодот откако СДСМ е на власт.

„Раноградинарските култури имаат историски најниски откупни цени. Во моментов доматите се откупува по 5 до 7 денари за килограм. Пласманот е слаб, а земјоделците едвај сами се снаоѓаат да го продадат произведеното по мизерни цени. Ова е вистинска катастрофа, ова е недозволиво.

Владата го занемари земјоделието и ги остави земјоделците да се борат за својата егзистенција.

Зоран Заев ветуваше сигурен пласман и повисоки откупни цени на земјоделските култури. Сега не само што нема загарантиран пласман, туку и тој што го имаше го нема, сега не само што цените се пониски, туку се пониски од било кога.

Зоран Заев се што кажа излажа. Градинарските култури земјоделците се принудени да ги продаваат под производна вредност, а владата воопшто не реагира.

Зоран Заев си поигра со земјоделците. Нема ниту интервенција од државата, ниту има отворено нови пазари. Затоа земјоделските култури наместо на пазар се принудени да ги фрлат на буниште.

Наголемо најавуваниот интервентен фонд, е целосна лага. субвенциите се намалени, а зелената нафта е уште една лага во редицата.

Земјоделците се излажани и изманипулирани. Повеќе од една година откако СДСМ е власт, земјоделието секојдневно тоне. СДСМ е на власт а земјоделието тоне.

Во пресрет на овогодинешната жетва предупредуваме за се уште нерешениот проблем со неутврдената цена за откуп на пченицата. Нерешавањето на овој проблем во услови на секојдневни дождови ќе го уништат и упропасти и она што остана на полето.

СДСМ не знае да работи. СДСМ е вистинска непогода за земјоделието. СДСМ мора да си замине. Земјоделците заслужуваат подобро. Земјоделците заслужуваат достоинствени цени и сигурен пласман. СДСМ не смее да си поигрува со земјоделците и нивните семејства. Оваа власт мора да си замине, за Македонија да продолжи напред“ рече Трипуновски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците се Див Запад