Санкции за 271 возач за брзо возење викендот во Скопје

Од:

Пет лица биле тешко повредени, а 15 се здобиле со полесни повреди во десет од 24 сообраќајки евидентирани изминатиот викенд на територијата на Секторот за внатрешни работи Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во 14 сообраќајки е причинета материјална штета, санкционирани се 271 возач за движење со поголема брзина од дозволената, а 83 се исклучени од сообраќај за возење под дејство на алкохол.

Полицијата исклучила од сообраќај и 46 нерегистрирани возила, за непрописно паркирање се изречени санкции за 168 лица, а „пајакот“ подигнал 91 возило.

Изречени се санкции и за 13 возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, 11 за неправилно престројување, двајца за неправилно престигнување, тројца за недавање првенство на минување на пешаци.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот