Ирачкиот премиер Хајдар ел Абади и шиитскиот свештеник Муктада ел Садр формираа коалиција, со што Ирак е чекор поблиску до формирање на нова Влада.
Коалицијата на Садр освои најголем број места на неодамнешните парламентарни избори во Ирак. Тој веќе влезе во коалиција со второпласираниот блокот предводен од Хади ел Амири, кој има поддршка од Иран.
Коалицијата на Абади според освоените гласови е на трето место.
И Абади и Амири претходно соопштија дека се заинтересирани за премиерското место. Додека Садр не може да биде избран за премиер бидејќи не се кандидираше на избори, но по победата на неговата изборна листа, Садр има силна позиција во преговорите за новата ирачка влада.
Се очекува разговорите за формирање на нова влада да траат со недели, а можеби и со месеци.
Имамот Садр е долгогодишен критичар на САД, а е против и иранското влијание во Ирак.