Вујошевиќ: Логично е завршниот турнир да се игра во Белград

Од:

Тренерот на Партизан, Душко Вујошевиќ, изјави дека доколку неговиот тим и Црвена звезда, изборат пласман на завршниот турнир во АБА лигата, тогаш логично би било Белград да го организира тој турнир.

„Доколку двете екипи од Белград се пласираат на ‘фајнал-фор’ тогаш е логично завршниот турнир да биде игран тука. Во тој случај турнирот би го организирале двата клуба“, рекол Вујошевиќ на прес конференција.

„Квалитетот на животот во тие денови, во Белград, би бил зголемен, поради можноста публиката да ги гледа тие мечеви, а и би се зголемиле шансите на двата клуба за пласман во Евролигата“, смета тренерот на Партизан.

Партизан во моментов во АБА лигата се наоѓа на делба на второто место, црно-белите заедно со Црвена звезда имаат скор 12-6.

Партизан, в недела, во 19-то коло ќе му гостува на Раднички.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ