„Околу светот“- мултикултурен камп во Кичево

Од:

„Околу светот“ е насловен мултикултурниот камп што втора година по ред се одржува во ОУ „Санде Штерјоски“ – Кичево, во рамки на проектот “Околу светот Културен Клуб и Мултикултурен камп“ во организација на Здружението за развој на младите „ФАКТОР“.

Мултикултурниот камп е наменет за ученици од чеврто до шесто одделение и трае пет дена. Во програмата се опфатени пет различни држави од целиот свет. Целта на кампот е да се соберат ученици од различни етнички групи на едно место, да се дружат едни со други, а воедно и да го подобрат својот англиски со оглед на тоа што сите предавање со одржуваат на англиски.

– Заинтересираноста за учество на кампот беше навистина голема и моментално имаме 90 учесници. Денеска е последниот ден од кампот, учениците веќе ги прават активностите за Мадагаскар. Како предавачи оваа година имаме по еден волонтер од Мировен корпус, двајца локални наставници и двајца асистенти во секоја училница. Голема благодарност до ОУ „Санде Штерјоски“ за отстапениот простор и отворената соработка и сите останати кои допринесоа за успешно да се завршат сите активности, рече Арбен Ристеми кординатор на проектот.

Проектот е дел од програмата за субгрантирање која се реализира во рамки на проектот „Различноста е во мода – промоција на мултикултурализмот на локално ниво!“, кој го спроведува Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) Гостивар, во партнерство со Мултиетничката асоцијација Флоренс Најтингел (ФН) и „Стопанската комора на северозападна Македонија”. Проектот финансиски е поддржан од Европската унија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Свлечишта, поплавени куќи низ земјава, најалармантно е во Кичево

(ВИДЕО) Поплава во Кичево: Евакуирани околу 200 луѓе, под вода и објекти на болницата

Катерина Ѓуровски

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Расправија во кичевско прерасна во напад – ранетиот итно е пренесен во Скопје

Горан Наумовски

По подобрувањето на воздухот, МЖСПП ги прекина мерките во Кичево