Конференција на тема „Реформи во безбедносниот сектор, владеење на право и механизми за пристап до правда“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Комитетот за заштита на правата и сродните здруженија.
Конференцијата, како што велат организаторите, е посветена на реформите во безбедносниот сектор и спроведувањето на заклучоците на Владата на Република Македонија за политички мотивираните случаи донесени на 68-та седница, одржана на 15 мај годинава.
На конференцијата нјавено е обраќање на заменик министерот за правда Оливер Ристовски, на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Николовски, на државниот секретар во МВР, Магдалена Несторовска и на експерти од областа на безбедноста и кривично-правната материја.